Print this page

АРТЕ НОВА КОЧАНИ

Thursday, 10 December 2020 14:00
Rate this item
(0 votes)
 Компанијата АРТЕ НОВА се занимава со производство на мебел и уредување на ентериери

- Кујни
- Спални соби
- Детски соби
- Дневни соби
- Канцелариски мебел
- Опремување на деловни објекти
Компанијата АРТЕ НОВА дооел започна со работа во март 2008 година и со брзо темпо зазема значајно место на македонскиот пазар за мебел. Фирмата постојано се развива и специјализира во проектирањето, изработката и монтажата, главно во сегментот корпусен мебел.

ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ

Постојано ги следиме современите текови ентериерното уредување и производството на мебел, со што како иновативна и флексибилна компанија, успеваме максимално да ги доближиме модерното и функционалното, акцентирајќи ја индивидуалноста што најдобро се гледа во нашите кујни, спални, детски и дневни соби, како и големиот број канцеларии и други деловни објекти што ги имаме опремено.

Нашите инженери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирањето, изработката и монтажата на мебел, ќе Ви помогнат да бидете задоволни од тоа како е уреден Вашиот дом.

КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА

Ние сме различни од другите за тоа што Ви нудиме самите да го обликувате Вашиот мебел, според димензиите на просторот. АРТЕ НОВА нуди соработка со архитекти за мебел и уредување на ентериери, од цела Македонија.

  • • Земање димензии од Вашиот простор

  • • Проектирање според Вашите желби

  • • Високо квалитетна изработка, по сите светски стандарди

  • • Превоз до Вашиот дом

  • • Монтажа од врвни специјалисти

ИЗЛОЖБЕН САЛОН

На простор од 2000 m², во современа зграда и современи услови за работа, се сместени изложбениот салон, одделението за проектирање и одделението за производство. Целокупното производство е машинско, користиме исклучиво најсовремени технологии, еколошко чисти и висококвалитетни матерјали. АРТ НОВА постојано ја усовршува производствената линија и се стреми кон врвните светски стандарди и квалитет.

 
Телефони:
+389 (0)33/297 970 / +389 (0)33/297 975 / +389 (0)33/297 973 / +389 (0)71/373 478


 Работно време:
Пон - Саб:  07:00 - 20:00
Недела :  Не работи

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.artenova.mk

fb Instagram

Read 319 times Last modified on Thursday, 21 August 2025 06:20