ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ
Постојано ги следиме современите текови ентериерното уредување и производството на мебел, со што како иновативна и флексибилна компанија, успеваме максимално да ги доближиме модерното и функционалното, акцентирајќи ја индивидуалноста што најдобро се гледа во нашите кујни, спални, детски и дневни соби, како и големиот број канцеларии и други деловни објекти што ги имаме опремено.
Нашите инженери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирањето, изработката и монтажата на мебел, ќе Ви помогнат да бидете задоволни од тоа како е уреден Вашиот дом.
КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА
Ние сме различни од другите за тоа што Ви нудиме самите да го обликувате Вашиот мебел, според димензиите на просторот. АРТЕ НОВА нуди соработка со архитекти за мебел и уредување на ентериери, од цела Македонија.
• Земање димензии од Вашиот простор
• Проектирање според Вашите желби
• Високо квалитетна изработка, по сите светски стандарди
• Превоз до Вашиот дом
• Монтажа од врвни специјалисти
ИЗЛОЖБЕН САЛОН
На простор од 2000 m², во современа зграда и современи услови за работа, се сместени изложбениот салон, одделението за проектирање и одделението за производство. Целокупното производство е машинско, користиме исклучиво најсовремени технологии, еколошко чисти и висококвалитетни матерјали. АРТ НОВА постојано ја усовршува производствената линија и се стреми кон врвните светски стандарди и квалитет.
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.artenova.mk