Културни центри | Уметнички галерии

Почетна :: Културни центри | Уметнички галерии

Дом на Култура Македонски Брод

Friday, 19 November 2021 14:02
Rate this item
(1 Vote)

Општинската установа Дом на култура „Македонски Брод” го организира и развива културниот живот и творештво, овозможува уметничко и креативно изразување, поттикнува интеркултурни иницијативи, работи на афирмација на културните различности, се грижи за културниот развој и афирмација на творештвото, создава простор за нови културни и уметнички вредности низ комуникација со граѓаните и нивна партиципација преку најразлични уметнички форми.

 

Во својата работа Домот ги вклучува творците-уметници кои ќе бидат интегрирани како креативна сила во промоција на културните случувања и ќе бидат клучен елемент за создавање на културни и уметнички богатства и ресурси.

Дејност

Ликовна дејност

Ликовната дејност на Дом на култура „Македонски Брод“ претставува збир од изложби од страна на самостојни уметници од Република Северна Македонија, посебно оние уметници кои потекнуваат од овој крај и кои даваат допринос во развојот и промоцијата на ликовната уметност.

 

Исто така се превземаат и голем број на изложби на фотографии и цртежи во соработка со „Музеј на град Скопје“.

Културно-уметничка дејност

КУД „7-ми Септември” работи во склоп на Дом на култура – „Македонски Брод” има за цел активно да работи и да ги реализира своите програмски цели во областа на фолклорот, обичаите и традицијата.

Друштвото работи во три групи играорци од различни возрасти и во зависност од возраста така и ја прилагодува програмата. Со помалите на возраст групи (почетници) во план е да работиме на основите работи кои го сочинуваат фолклорот како што се: став, движење, чекор, слушање музика, пеење песна и сл.Со цел да се запознаат со техниките во фолклорот и да ги поставиме кореографските поставки на ората: Поречки традиционални игри, “Правото”, “Соколот”, “Четворка “, “Дуње ранке”, “Добрице Митано” и др.

Во склоп на друштвото работи и оркестарот на народни инструменти, пеачка група и солисти.

Друштвото има проекти кои доколку бидат одобрени од Министерството за култура и во зависност од ситуацијата како и секоја година има во план да реализира два самостојни концерти, настапи на манифестации во градот, на неколку манифестации што се одржуваат во други делови и рурални – туристички средини во општината и настапи – манифестации и фолклорни средби низ Македонија со цел да ја презентира својата култура и традиција. Друштвото е член на СОФАМ (Фолклорни Ансамбли на Македонија) кои сне негови членови и секоја година земаме учество на тие смотри и фестивали и се надеваме дека активни ќе бидеме и Во 2023 г.

 

И др. активности организирани од НВО и други асоцијации. Поради немање на финансиски средства од блок дотацијата оваа година се сведуваме на стандардни најнеопходни активности и тоа Во рамките на локално ниво и дел од предложените проекти кој сеуште немаме известување дека се одобрени за 2023 год.

 

Театарска дејност

          Домот на култура во 2023 година планира да подготви театарски претстави за млади и деца Театарска претстава” Седумте јариња”, “Заспаната убавица” и др. бајки за деца од Браќата Грим, Драма во сопствена продукција на Домот со децата од драмската дејност насловена “Пред новогодишна ноќ”, по можност и други како за деца така и за пошироката публика.

 

          Освен претставите во сопствена продукција ќе се организираат и театарски претстави во соработка со невладини организации и проекти со хуманитарни и едукативни содржини, како и гостување на театарски претстави со професионалните и аматерски театри од др. градови од републикава.

 

Библиотечна дејност

          Во склоп на Домот на култура работи и народната библиотека „Кочо Рацин“ каде што според предвидувањата бројот на читатели е стандарден. Библиотеката „Кочо Рацин” работи во склоп на Домот за култура и е едиствената од ваков вид на територијата на Општина Македонски Брод, задоволувајќи ги потребите на сите почнувајќи од најмалите до највозрасните читатели. Бројот на книги се менува, а во тековната 2024 година беше збогатена за уште 300 нови книги или 175 нови наслови од кој 207 примероци од белетристика, 175 наслови слободна литература и лектирни

изданија, книги поклон од НУБ односно наслови. Но исто така имаме одделен дел на изданија поклон од Саво Костадиноски кој редовно поклонува книги на библиотеката и досега има донирано околу 1200 книги кои исто така се достапни за сите читатели. Во моментов библиотеката располага со солиден книжен фонд од околу 33 048 книги кои се наменети за љубителите на пишаниот збор, тука е и стручната литература на македонски, англиски и албански јазик која ни е доделена како поклон во соработка од Министерствата за образование и култура и е достапна за сите читатели.

          Библиотеката подлежи на посебни законски норми и правилници за попишување на книжниот фонд во период од пет години. Па така во нашава библиотека за прв пат беше направен попис во 2010, вториот во 2015 и третиот т.е. последниот во 2020 година каде што бројката изнесуваше 30 130 книги.

 

Вкупниот книжен фонд е 33 048 книги..

 

 

 

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 15:30 
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 2035 times Last modified on Friday, 29 August 2025 06:42
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org