MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ЛАМИ ГРОУП ДОО

Thursday, 17 August 2023 13:24
Rate this item
(0 votes)

 Компанијата ЛГ е горда на фактот дека е семеен бизнис кој се развил во текот на годините, почнувајќи од 1993 година, во стабилно, почитувано и препознатливо име на регионите каде што работиме.

Базата на компанијата се наоѓа во Македонија, крстосницата за производство и преработка на мермер и гранит. Може да се каже, дека нашите клиенти имаат навистина софистицирано чувство за она што им е потребно во своите домови, деловни објекти, простории, и истите имаат голема палета на опции. Затоа, ние работиме најдобро со цел да го обезбедиме задоволството на клиентите што води кон долготрајна соработка и идно референцирање.

Нашиот бизнис се шири во Македонија, Косово и Албанија - пазари кои се во развој, изградба и постојан проток на различни квалитети и видови на мермер и гранит. Ние им нудиме на клиентите во Македонија готови производи и монтажа на истите.

Нашиот тим од десетина луѓе се грижи за континуиран проток на производната линија со цел увезените суровини од мермер и гранит да се трансформираат и преработат во финални производи во форма на различни профили по нарачка и потоа истите да се воведат на пазарите во Македонија и да се извезат во странство.

Ние се грижиме сите наши соработници со нетрпение да очекуваат соработка со нас и нашите клиенти да се задоволни со нашите мермерни и гранитни производи и сервисот обезбеден од наша страна. Производите со кои работиме се карактеризираат со издржливост, квалитет, безвременска убавина. Ние се стремиме да го пренесеме тоа кон начинот на кој ние работиме и служиме на нашите клиенти, кон заемни долгорочни односи за соработка.

Работно време: 

понеделник - сабота : 08 - 18 h

web : www.lamigroup.mk
email :
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

fb Instagram

Read 274 times Last modified on Thursday, 17 August 2023 13:49
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org