Нимаер е компанија посветена на изработка на комплетни инженеринг решенија повеќе од 15 години. Нашата компанија достигна стабилност и просперитет низ 19-те години во кои строго ги следеше своите Принципи и Цели. За тој период развивме различни инженеринг вештини и искуства од областа на АИГ (Архитектура, Инженеринг, Градежништво), нудејќи им на Клиентите комплетни инженеринг услуги. Комбинацијата од искусни архитекти и млади архитекти, професионалноста и креативноста, нуди можност секој проект да добие функционално решение со уникатен и современ изглед. Со нашиот тим изработуваме проектна документација (проекти), студии, елаборати, анализи, експертизи и друга документација која е во согласност со стандардите, нормативите и прописите за проектирање и архитектонско обликување на градбите.