MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Работно време:
 
Пон - Пет:    10 :00 - 18 : 00
 
Саб - Нед:      Затворено
 
 
 e-mail: mitkodr1@gmail.com

 

 

 

30 години постоење, 30 години искуство, преку 500,000 задоволни пациенти.

За Нас

Приватната стоматолошка амбуланта Близнак Дент предводена од страна на Д-р Љубомир Коцевски основана е меѓу првите приватни стоматолошки амбуланти во Тетово. Со своето досегашно 30 годишно работење, 30 годишното искуство и со големиот број задоволни пациенти Близнак Дент доспеа до врвната Стоматологија, како на локално така и на државно ниво.

Целта на работењето е пружање на врвна стоматолошка услуга од страна на едуцираниот и искусен тим, преку континуирана едукација и примена на најсовремени методи и техиники како и примена на најсовремени и квалитетни материјали да бидат задоволени потребите на секој пацијент.

Покрај стоматолошката дејност, Близнак Дент поседува и сопствена заботехничка лабараторија насочена кон комплетна грижа во доменот на претклиничката и клиничката мобила и фиксна протетика. Стручниот тим во заботехничката лабараторија која е во склоп на самата стоматолошка амбуланта овозможува директна стручна комуникација Стоматолог - Забен техничар во однос на професионален пристап кон секој пациент а со цел за поуспешен третман на секој пациент.

Поимот најсовремени материјали и најсовремена опрема во нашата амбуланта е реалност, а тоа го докажуваме со фактот дека сме првата стоматолошка амбуланта со заботехничка лабараторија која во државата го имплементираше CAD CAM системот на SIEMENS Sirona: InLab MC X-5 како и фактот дека сме меѓу првите амбуланти кои имплементираше 3D принтер во својата заботехничка лабараторија. Нашата визија е имплементација на најсофистицираните технолошки процеси во стоматологијата и да го подигнеме квалитетот на повисоко ниво.

Стручниот тим на Близнак Дент е составен од 18 професионални медицински лица од кои 8 стоматолози, 6 стоматолошки сестри и 4 забни техничари.

Тимот на стоматолози, покрај доктори по дентална медицина вклучува и специјалисти по ендодонција и реставративна стоматологија, орална хирургија и имплантологија како и ортодонција, нудејќи широка палета на професионални стоматолошки и специјалистички услуги кои можете да ги добиете во нашата амбуланта.

ПЗУ Др.Раско
Стоматолошка ординација со углед,долгогодишно искуство,семејна традиција и врвен квалитет.
Сите услуги на едно место: општа стоматологија,орална хирургија,ортодонција.Тим од докажани професионалци,предводени од доајенот Др.Раско Николовски.
Примена на современа опрема,методи,техники и најквалитетни материјали.Гарантирано пријатен амбиент,највисоко ниво на хигиена,љубезен и грижлив персонал и задоволни пациенти со безвезервна доверба.
 
Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 18:00
Недела: не работиме

e-mail: biodent_nikoloski@yahoo.com
web: http://biodentdrrasko.com/

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org