MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Општина Маврово и Ростуша се наоѓа  во западниот дел на Р.Македонија со седиште во с.Ростуше и зафаќа површина од 682 км2, со население од 8618 жители кои живеат во 42 населени места.

Според Законот за локална самоуправа(Сл.весник на Р.М. бр.5/2002 година) надлежности на општината се:

-Убанистичко(рурално) планирање; кое подразбира издавање на одобрение за градби од локално значење, изработка на урбанистичко-планска документација за населени места, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште,

-Заштита на животна срединаи природа – презема мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и почвата со издавање на посебни дозволи за вршење на одредени дејности ,

– Локален економски развој и туризам; планирање, водење на локална економска политика, поддршка и развој на мали и средни претпријатија со превземање на конкретни активности за подобривање на локалната бизнис клима и афирмирање на локалните мали и сдрени претпријатија и туристичките работници,

– Комунални дејности – снабдување со вода за пиење , одведување и пречистување на отпадните води,  одржување и изградба на јавно осветлување, одржување, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, регулација на речни корита, уредување на просторот за паркирање, одржување  на локланите патишта во зимски услови, отстранување на снег и слично,

– Култура  – негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности специфични за реканскиот и мавровскиот крај и организиарањње на поголем број културни манифестации,

– Спорт и рекреација – организирање  на масовни спортски натпревари и манифестации,

-Образование – основање, финансирање и администрирање на основни училишта и средно општинско училиште,

-Здраствена заштита – застапенсот на преставници од локалната самоуправа во управни одбори здраствени установи,

-Спроведување на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од природни непогоди и други несакани последици,

-Противпожарна  заштита на волонтерска основа

-Финансиски и административни активности на општината: администирање и наплата на локлани даноци и такси, изработка и реализација на Буџет на општината, водење на седници на советот на општината.

Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: www.mavrovoirostuse.gov.mk

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org