MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Компанијата ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел од Прилеп повеќе од една деценија успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија.

Првите десет години се занимававме со производство на термопан стакло за градежна столарија, сегмент во кој се уште сме присутни и со успех ги следиме сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во последните шест години ја проширивме дејноста и се занимаваме и со производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK.

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД дооел постојано ги следи најновите технички достигнувања во доменот на градежната столарија и е во чекор со светските трендови. Располагаме со современа технологија за изработка  на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од познатите брендови за профили ALUPLAST и PROFILINK, а во сегментот на застаклувањето произведуваме термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Последниве неколку години на пазарот сме познати и по ПВЦ профилот PROFILINK, со 5 и со 6 комори, за кој сме генерални застапници на македонскиот пазар. Ова се профили од најновата генерација, од европско производство, а во ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД во секој момент имаме значајни количества на лагер.

За сите вработени на ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД, кога е во прашање производството на градежна столарија, како и на стаклото за застаклување, квалитетот и задоволството на клиентите се секогаш на прво место. За сите прозорци и вратите што ги произведуваме обезбедуваме бесплатна максимално стручна монтажа, со што го заокружуваме процесот за гарантирање на нивната долготрајност. Сите производи од ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ги задоволуваат најстрогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и енергетска ефикасност.

Наша цел е да ги задоволиме вашите барања со професионални и модерни решенија!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

https://www.facebook.com/people/EURO-GLASS


 

 

 

ИНЕН ДЕКОРе претпријатие за производство на градежна столарија од дрво. Тоа е основна дејност според класификацијата на претпријатија по дејности и е распоредено во рангот на мали претпријатија.

Како занаетчиски дуќан за прв пат почна да работи летото 1972 година со една комбинирана дрвопреработувачка машина и ситен алат во една мала работилница од само 16 м2. Со голема упорност и залагање веќе во 1993 година се регистрира како приватно претпријатие, со модерни машини, повеќе вработени и работна просторија од 50 м2, за да се прошири во работилница со 500 м2 покриен простор во 2000 година.

ДенесИНЕН ДЕКОРрасполага со 800 м2 работен простор, сопствена сушара за дрво, складишен простор за сушена граѓа, целосно обновен машински парк, современа лакирница, и понатаму го следи трендот за развој и модернизација во склад со европските стандарди.

Градежната столарија - прозори, терасни врати, влезни и собни врати од разни видови на дрво, по стандардни и вонстандардни мерки земени на објект, се изработени по најновите стандарди за термо систем со меки линии. Заштитата на дрвото се врши со еколошки бои и лакови, полиуретански лакови или друга заштита во зависност од желбата на нарачателот.

Квалитетот, навремено изведување на работите, целосна одговорност, гаранција за секој производ се главните карактеристики на нашето претпријатие.

Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозори и врати во стилот на старата македонска архитектура но во термо систем. Многу значајни објекти во стариот дел на Охрид заштитени како културно наследство - куќите на Уранија, Робевци, Узунов... ,во Битола на Широк сокак, конаци во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Наум, Стара На-ма а сегашна Експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, Музејот на НОВ во с. Смилево, Куќата на Бинка во Крушево, објекти во Мала Преспа - Грција се опремени со наша дограма и ентериерно уредување.

Долгогодишното искуство допринесе да можиме да изработуваме квалитетни производи во сериско и вонсериско производство. Како подизведувачи учествуваме на повеке тендери за опремување на згради во и надвор од Македонија. Мотото за квалитет и навремено извршени договори се наш двигател.

Отворени сме за соработка со градежни фирми и индивидуални инвеститори.

 
 
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 15:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.inen-dekor.com.mk

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org