Print this page

АПОЛЛО МК ДООЕЛ Скопје

Wednesday, 04 October 2023 09:43
Rate this item
(1 Vote)

 

За нас

Компанијата АПОЛО ДООЕЛ е основана 1999 г. Во изминатите 20 години израснавме во една од најпрепознатливите компании на македонскиот пазар за увоз и дистрибуција на сите видови потрошни принтерски материјали (тонери, кертриџи, барабани, рибони) и резервни делови за принтери. Започнавме со компатибилни производи за сите брендови на принтери и фотокопири, за неколку години подоцна во нашето портфолио да ги воведеме и оригиналните потрошни материјали. Потоа нашата палета на производи кои ги увезуваме и дистрибуираме ја збогативме со материјали за рециклирање на потрошените тонери (прашок, чипови, барабани и др.) и резервни делови. Последните неколку години започнавме со сопствен увоз на принтери и друга ИТ опрема од реномирани европски дистрибутери. Со текот на годините воведовме и услуги на сервисирање и изнајмување на принтери, за конечно да ја заокруживме нашата понуда со понуда на интегрирани решенија за печатење. Денес Аполо брои 16 вработени, организирани во секторите продажба, набавка, администрација, сервис и логистика.Водејќи сметка за постојано унапредување на нашето работење стекнавме меѓународни сертификати ISO 9001:2015 систем за управување со квалитет,  ISO 14001:2015 систем за управување со животната средина, како и со ISO 45001:2018 систем за управување со безбедноста и здравјето при работа.

 

Услуги

Сервис на принтери и тонери

-За комплетно задоволување на потребите на нашите клиенти, вршиме сервисирање на принтери и отстранување на разни други проблеми при печатење.

 

Изнајмување на принтери

-Дел од нашите клиенти користат услуга на изнајмување на принтери, при што целокупната грижа за снабдување со потрошни и резервни делови за оптимално функционирање на уредите е наша обврска

 

Комплетен know-how за оптимизација на трошоците за печатење

-Во директен контакт со нашите клиенти ги дознаваме нивните потреби за печатење. Така успеваме да понудиме оптимално решение за избор на соодветен модел на принтер или пак избор на потрошен материјал, а со цел намалување на трошоците на печатење со истовремено постигнување одличен квалитет на отпечатениот материјал.

 

On-line продажби

-За нашите големопродажни овластени партнери нудиме услуга на on-line нарачки. Со добивање на корисничко име и лозинка добивате пристап до нашите големопродажни цени, информации за постоечките залихи, пристигнувачки количини и сл.

 

Мојтонер.мк

 

-Нашата веб продавница нуди брзо, ефикасно и едноставно решение за on-line купување на нашите производи. Уверете се и самите на http://www.mojtoner.com.mk.

 

 Работно време:

Пон - Чет: 08:30-16:30 часот

Пет: 08:00-16:00 часот

Саб-Нед : Не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://apollo.mk/Home/Index

 

 

 

 

 

 

fb Instagram

 

 

Read 734 times Last modified on Monday, 07 July 2025 10:29