Во срцето на градот, а сепак далеку од градскиот метеж, има едно место каде можете да се опуштите и да уживате во уникатната мешавина на вкусови од целиот медитеран.
Секое парче храна е спремано во сертифицирани услови а секој член од тимот на Браво'с е обучен да работи во услови каде што храната останува свежа и вкусна. Квалитетот и грижата за храната се наш приоритет. За нашата услуга да биде целосна, доставувачот на Браво'с ќе ви ја испорача храната токму кога ќе посакате, а храната ќе остане топла, свежа и вкусна.
Работно време:
e-mail: natasaavramovska123@gmail.com
web:
А приказната за “Идадија” започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-“Идадија”. Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна.
На почетокот “Идадија” била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралишта.
Хотелот Галеб идеално е поставен на благородните брегови на едно од најстарите и најубави езера на светот, Охридското езеро, лоциран на влезот од градот Струга и само 50 метри од песочните плажи, а 500 метри од центарот на Струга.
Обликуван во стилот на старата македонска архитектура, распространет на струшкото крајбрежје, хотелот располага со: 87 соби 1/1 – 1/2 – 1/3, секоја со посебна бања, тв и минибар и дел од истите со сопствена тераса со поглед кон езерската шир, како и ресторан со 300 седишта, аперитив бар, ТВ сала и др.
Надморската височина на која се наоѓа Струга, оплеме-нета со извонредни климатски услови ово-зможува пријатен пре-стој во било кој период од годината.
Во склоп на го-ренаведените подато-ци и нашето долгого-дишно искуство сека-ко би истакнале дека овозможуваме оптимални услови за спортисти, бидејќи во непосредна близина на хотелот гравитираат и голем број на терени, трим патеки и др.
Посебно би потен-цирале дека воедно склучуваме аранжмани за ученички екскурзии (основно, средно училиште, студенти, полуматуранти), а за таа намена овозможуваме 250 легла.
Работно време:
Понеделник - Недела: 00:00 - 24:00
e-mail: hotelgaleb@hotmail.com
web:
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 20:00
Саб: 09:00 - 15:00
Нед: не работиме
e-mail: ibg.gmbhdooel@gmail.com